Дефанзивецот на Лил и холандски репрезентативец, Свен Ботман ја одби понудата на Њукасл бидејќи сака да се пресели во Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.
Њукасл сака да ја засили одбраната и испрати понуда од 35 милиони евра, која Лил ја прифати, но Ботман ја одби понудата бидејќи сака да се пресели во Милан.
Дефанзивецот веќе има договор со „росонерите“ каде треба да го замени повредениот Кјаер, а Милан и Лил моментално се во преговори.
Францускиот клуб не сака да го пушти Ботаман за помалку од 30 милиони евра, а првата понуда од Малдини е 20 милиони евра плус бонуси.
Преговорите продолжуваат, а играчот инсистира да се пресели на Сан Сиро.