Според информациите на холандските медиуми младиот Џулијан Ријкхоф потпишал за Борусија Дортмунд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за 15 годишен фудбалер кој игра со играчи две години постари од него, а за екипата на Ајакс до 17 гоидни постигна 10 голови на 8 натпревари.
Ајакс му понуди нов договор, меѓутоа младиот Ријкхоф ја одбил понудата. Од друга страна се појавила Борусија Дортмунд која му понудила финансиски подобар договор и младиот напаѓач немал дилема.
Школата на Ајакс важи за една од најдобрите во светот, а во наредните години ќе видиме дали Ајакс има за што да жали.