Борусија Дортмунд ќе потпише 5-годишен договор со напаѓачот на Салцбург, Карим Адејеми.
Договорени се сите детали од договорот и останува уште Адејеми во наредните денови да стави потпис, пренесуваат германските медиуми.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Дортмунд има договор со Салцбург од поодамна, а целта на „милионерите“ е да си осигураат замена за Ерлинг Халанд, кој ова лето сигурно ќе го напушти клубот.
Според информациите 20-годишниот Адејеми ќе добива 5 милиони евра по сезона, а Борусија за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра плус бонуси.