Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер за медиумите зборуваше дека тенисот физички е еден од најтешките спортови.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер после доделувањето на престижните награди „Лауреус“ на најдобрите спортисти за 2017 години констатираше дека лактот всушност не е единствениот проблем на во овој момет 13 тенисер во светот.
„Повредите се ризикот на тенисот. Еден тенисер во својата кариера никогаш нема само една повреда. Кога играте Гренд Слем турнир пред вас се седум натпревар за 14 денови. Верувајте ми тогаш вас ве боли целото тело, не само лактот. Болката понекогаш е неподнослива. Доколку имате прилика да влезете во соблекувалната после првата недела на еден Гренд слем би се изненадиле од тоа колку тенисери имаат бандажирани зглобови. Тенисот е физички многу напорен спорт“, изјави пензионираниот тенисер Борис Бекер.