Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Бонучи: Не сме загрижени што ќе играме на „Вембли“, мотивирани сме за историски успех

Бонучи: Не сме загрижени што ќе играме на „Вембли“, мотивирани сме за историски успех

Во финалето на Европското првенство во недела силите ќе ги одмерат Англија и Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европското првенство влезе во самата завршница, а кој ќе биде новиот европски шампиoн ќе дознаеме во недела вечер. Англија сигурно ќе има голема поддршка од трибините, но тоа не го загрижува Роберто Манчини.

Искусниот дефанзивец, Леонардо Бонучи смета дека победа би била од огромна важност за целиот италијански фудбал и дека не се загрижени што ќе играат пред англиски навивачи.

„Победа би била важен чекор за англискиот фудбал. Ќе ни донесе задоволство на сите Италијани. Не сакаме изговори, сконцентрирани сме и со нетрпение го чекаме натпреварот. Размислуваме за фидналот, не сме загрижени што против Англичаните ќе играме на „Вембли““.

„Мотивирани сме, нашата желба е да не примиме гол. Се радуваме на натпреварот иако на трибините во главно ќе бидат само англиски навивачи. Сакаме со одлична игра да направиме историски успех“, изјави Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Херојот Возиња добил две неочекувани понуди за продолжување на кариерата!

Фудбалот често нè изненадува со своите неверојатни приказни, а еден таков пример е Возиња,…