Дома Фудбал Бонучи за ситуацијата со редарката: Ако ја видам утре ќе ја прегрнам

Бонучи за ситуацијата со редарката: Ако ја видам утре ќе ја прегрнам

Леонардо Бонучи утре со Италија ќе се обиде да стигне до трофејот во Европското првенство.

Во полуфиналето во кое Италија ја победи Шпанија после изведувањето на пенали видовме една комична сцена. Имено, една редерка мислеше дека Бонучи е навивач од трибините па се обиде да го врати назад.

Сега Бонучи ја прокоментира таа ситуација.

„Навистина симпатична сцена, малку се разочарав од нејзината реакција кога ја прегрнав беше ладна и без емоции. Шегата на страна, знам дека не и е лесна работата. Долго време стои пред трибините со толку навивачи, па нормално е на момент да се изгубите. Се случува, ако ја видам утре ќе ја прегрнам“, изјави Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …