Дома Фудбал Италија „Бомба“ од Апенините: Конте го напушта Интер, веќе познат новиот тренер

„Бомба“ од Апенините: Конте го напушта Интер, веќе познат новиот тренер

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Антонио Конте ќе го напушти Интер на крајот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Конте минатото лето пристигна во Интер со големи очекувања, доби богат договор и скапи засилување, па очекувањата беа „нероаѕурите“ да бидат кандидати за титулата.

Во последно време Интер игра многу лошо, па падна на четвртото место на табелата, а тоа наводно многу ги налутило сопствениците на клубот и претседателот Стивен Жанг.

Конте влегол во конфликт со претседателот и поголем дел од раководството, па готово сигурно ќе добие отказ по завршувањето на сезоната.

„Добив информација после мечот со Верона дека Конте нема да биде тренер на Интер следната сезона“, потврди познатиот новинар Равецани.

„Сопствениците Сунинг немаат проблем да му ги исплатат договорот и ќе му дадат отказ. Неговиот наследник е веќе познат, тоа е Алегри“, додаде еминентниот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Што има освоено ПСЖ откако се „ослободија“ од Килијан Мбапе?

Парижаните продолжија да доминираат по заминувањето на својата најголема ѕвезда, додека Мб…