Шпанскиот тренер, Пеп Гвардиола испиша историја во англискиот фудбал со Манчестер сити и со кој во последните седум сезони дури шест пати ја освојуваше титулата, минатата стигнаа до четвртата во нниза.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Посебно достигнување беше тројната круна во 2023 година. Со тренерска работа Гвардиола се занимава 16 години и само во три не освоуваше титула. Дефинитивно тоа го прави еден од најголемите во историјата, а во овој момент ја минува својата деветта година во Манчестер сити.
Во англискиот клуб остана многу подолго отколку во Барселоа (четири години) и Баерн (три години).
Одредени медиуми пренесуваат дека сега постои опција на лето да си замине од клупата на „граѓаните“ и да стане селектор на Бразил.
Ова би бил и еден вид преседан бидејќи во скоро 112 години долгата историја на Бразил никогаш селекцијата не ја водел странец, исклучок се неколку натурализирани Шпанци, Португалци и Јужноамериканци кои претходно долго живееле во Бразил.