Дома Топ вести „БОМБА“: Барса испрати понуда за Нејмар која ПСЖ нема да може да ја одбие!

„БОМБА“: Барса испрати понуда за Нејмар која ПСЖ нема да може да ја одбие!

Преговори помеѓу Барселона и ПСЖ за трансферот на Нејмар постојат, иако клубовите немаат директен контакт преку свои официјани преставници.

Весникот „АС“ пренесува дека преговорите помеѓу двата клуба се водат преку посредници, а Барселона пред неколку дена ја испрати првата понуда до францускиот клуб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонците понудиле 40 милиони евра плус правата на Филипе Кутињо и Осман Дембеле за да дојдат до потписот на Нејмар.

Меѓутоа „светците“ експресно ја одбиле таквата понуда. ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар, но сака да врати поголем дел од вложените 222 милиони евра, колку што платија за Бразилецот пред две години.

Меѓутоа, Барселона не се откажува и денес испрати нова понуда, која ПСЖ тешко ќе може да ја одбие.

Имено, „Скај Спорт“ пренесува дека Барселона понудила 90 милиони, плус двајца фудбалери. Каталонците доставиле листа од шест фудбалери, меѓу кои Кутињо и Дембеле.

Медиумите се оптимисти дека ПСЖ ќе ја прифати ваквата понуда и дека трансферот наскоро ќе се реализира, особено поради фактот што Нејмар инсистира да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…