Дома Фудбал Бизарно: Ги исфрлија од купот затоа што шоферот ги однел на погрешно место

Бизарно: Ги исфрлија од купот затоа што шоферот ги однел на погрешно место

Бизарни информации пристигнуваат од Франција.

Имено, фудбалерите на Тарб биле исфрлени од четвртото коло во рамките на купот поради грешката на шоферот на автобусот. Место во Варб, местото каде што требало да се игра натпшреварот возачот ги однел 80 километри подалеку од таа локација.

Откако сфатиле дека погрешиле веќе било доцна. Стигнале на натпреварот, но со задоцнување, а делегатот натпреварот го забележал со службена победа за домаќинот.

„Патуваа седум часа беа навистина разочарани…Најлошо беше што кога стигнаа до мост на километар од стадионот автобусот не можеше да помине, па сите излегоа и трчаа до теренот за да стигнат побрзо. Се надеваме во следното коло нашите ривали нема да имаат ваков проблем“, соопштија од таборот на домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …