Дома Фудбал Останато „Бејл уште е фудбалер кој може да игра во било кој тим во светот“

„Бејл уште е фудбалер кој може да игра во било кој тим во светот“

Герет Бејл губи време во Реал Мадрид и неговата ситуација мора да се реши, барем така смета поранешниот претседател на „кралевите“, Рамон Калдерон.

Репрезентативецот на Велс не беше во составот за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони потив Манчестер сити, а како што објасни Зинедин Зидан, 31-годишниот фудбалер не сакал да игра.

„Тоа е тажно. Штета што играч како него не е на теренот. Сметам дека не го загубил талентот, туку дека и понатаму е добар фудбалер, кој би можел да игра на врвно ниво во било кој тим на светот. Треба да се најде решение до крајот на летото за оваа ситуација“, смета Калдерон.

Бејл има уште две години од договорот, а неговиот агент кажа дека фудбалерот не планира никаде да се сели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Кандрева потпиша за Сампдорија

Искусниот играч Антониот Кандрева и официјално ја засили Сампдорија. Поранешниот италијанс…