Поради пандемијата од коронавирусот клубовите побараа од своите играчи да бидат во изолација и да ја следат индивидуалната тренинг програма за да останат во форма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во таква ситуација најголемите ѕвезди бараат начин како да се забавуваат. Така вчера Герет Бејл и Паоло Дибала играа еден против друга ФИФА 20. Дибала и Бејл изненадија со изборот на клубовите.
Дибала се реши за Реал Мадрид, а Бејл за Манчестер Сити. Фудбалерот на Јувентус на крајот беше поуспешен со 3:1. Еден од головите за Дибала го постигна токму со ликот на Бејл.
So cute ?.
— Ami (@fahmi_frank) April 5, 2020
Dybala buat goal celebration Bale punya.
Pastu Bale pun balas balik 'Dybala mask'.@PauDybala_JR @GarethBale11 #CombatCorona @combatcorona pic.twitter.com/F8lih0MXPt
Инаку, Дибала е еден од заразените со коронавирусот. Дибала прво направи тест кој покажа дека е негативен, меѓутоа на вториот се покажа дека вирусот се уште е во неговото тело иако Аргентинецот не чувствува симптоми.