Бразилецот Винисиус Жуниор остана без „Златната топка“ која на крајот ја освои Родри, иако фудбалерот на Реал Мадрид важеше за главен фаворит се до последниот ден.
За актуелната ситуација се огласи и Карим Бензема кој застана на страната на својот поранешен соиграч.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Вини ја заслужи „Златната топка“, разговарав со него и тој е многу тажен и разочаран. Немам ништо против Родри, тој е голем играч, но кога седам дома и го гледам на ТВ не прави ништо да ме остави без зборови. Винисиус тоа го прави и повеќе пати“, изјави Бензема.
Верува дека во иднина Винисиус ќе дојде до престижното признание.
„Комплицирано е кога вас целиот свет ќе ве гледа како освојувач на „Златната топка“, а неколку часа подоцна или еден ден ви кажуваат дека нема да ја освоите. Вини е добро момче, ќе работи напорно и еден ден ќе ја освои“, додаде францускиот напаѓач.