Дома Фудбал Бензема: Не е само до головите, фудбалерот на терен прави многу повеќе

Бензема: Не е само до головите, фудбалерот на терен прави многу повеќе

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема привлече внимание со одличната голгетерска сезона, но имаше и лоши натпревари на кои беше стрелец.

Искусниот напаѓач во интервју за „Франс Фудбал“ оцени дека луѓето премногу ја гледаат статистиката.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Освен статистиката во вид на постигнати голови, не гледам што се промени кај мене. Останав истиот фудбалер. Не се трудиме да гледаме што прави фудбалерот на терен, туку забележуваме дали е добар ако даде гол. Не играм добро, постигнувам гол и сите мислат дека сум најдобар“, вели Бензема.

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема привлече внимание со одличната голгетерска сезона, но имаше и лоши натпревари на кои беше стрелец.

Францускиот напаѓач даде и позитивен коментар за неговиот колега Винисиус Жуниор.

„Знам дека имам заслуги за неговиот развој. Можете да го прашате, зашто тој не е ист фудбалер. Веќе долго време игра на ниво на кое се очекува од него и не може ништо да му кажете“, кажа Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…