Дома Фудбал Белингем: Ова е одлично чувство, но не сакам да се повтори

Белингем: Ова е одлично чувство, но не сакам да се повтори

Англија ја победи Словачка со 2:1 во неверојатен натпревар од осминафиналето на Европското првенство и се пласираше во четврт-финалето каде ќе игра против Швајцарија.

Словачка поведе со голот на Иван Шранц во 25. минута и водеше до судиското надополнување. Но, потоа во четвртата минута израмни Џуд Белингем со ножички, а во првата минута од продолжението Хари Кејн погоди за голем пресврт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Повеќе од 90 минути Англија играше лошо. Избраниците на Герет Саутгејт одиграа бавно, безидејно и со таков пристап што ги изненади и самите Словаци, кои веројатно очекуваа големиот фаворит да притисне уште од првата минута.

„Кога сте на 30 секунди од враќањето дома и се чувствувате како да сте ја изневериле нацијата, а потоа со еден удар на топката направите пресврт. Не сакам, но кога ќе се случи, тоа е одлично чувство“, изјави Белингем по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа „замрзнал“ дефанзивец на Реал Мадрид по конфликт

“Марка” открива за сериозен конфликт во Реал Мадрид, кој избувнал помеѓу трене…