Дома Фудбал Белерин заработува 500.000 евра годишно и порачува: Не ми се потребни повеќе…

Белерин заработува 500.000 евра годишно и порачува: Не ми се потребни повеќе…


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Хектор Белерин ја помина „Ла Масија“ пред како 16-годишник да се пресели во Арсенал каде што ја започна кариерата како професионалец.

Во Барселона, Белерин се врати минатата година и потпиша договор до крајопт на сезоната. Откри дека во споредба со останатите негови соиграчи не заработува баш многу.

Белерин во еден разговор со новинарите беше запрашан дали игра за 500.000 евра годишно.

„Да. Среќен сум што играм фудбал долги годин и што сум во комфорна финансиска ситуација, па можам да уживам во што сакам.

На крајот, не ни е потребно баш толку многу како што мислиме дека ни треба. Моите приоритети не се распоредени по финансиите“, изјави Белерин.

Белерин оваа сезона одигра два натпревари во Лигата на шампионите, трипати настапи во шпанското првенство и еднаш во Копа Дел Реј. Неговата вредност на „Трансфермаркт“ се проценува на околу 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Монца во следните сезони ќе се бори за Скудето“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Eкипата на Монца мин…