Дома Фудбал Белгија задоволна од селекторот, Тедеско останува до 2026 година

Белгија задоволна од селекторот, Тедеско останува до 2026 година

Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско го продолжи договорот со националната фудбалска федерација до крајот на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Претходниот договор на германско-италијанскиот стручњак истекуваше по ЕП 2024 година, па двете страни се договорија да го продолжат до завршувањето на СП 2026 .

„За мене е привилегија да бидам селектор на Белгија. Сите во стручниот штаб уживаме во оваа работа. Многу сум задоволен што ќе го продолжиме патот кој заеднички го избравме“, изјави Тедеско.

Белгија со Тедеско заврши прва во групата Ф во квалификациите за ЕП 2024 без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп го скрати списокот: Волтемаде и Бисек отпаднаа за ноемвриските дуели

Германија ќе ги одигра последните два натпревара во групата од Лигата на нации без ниту ед…