Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ без оглед на успесите никогаш нема да може да ја надмине популарноста на Федерер и Надал, убеден е поранешниот дабл-играч Махеш Бупати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот Индиец зборуваше на оваа тема по повод освојувањето на Вимблдон од страна на Ѓоковиќ.
„Обезбеди голем број рекорди, но секогаш ќе биде трет по популарност. Не е дека не е добар човек, но на почетокот на кариерата беше „уличен борец“ и извлекуваше некои важни мечеви со Роџер и Рафа. Така го развиваше односот на љубовта и омразата со тениската публика“, изјави Бупати.
Го смета Ѓоковиќ за посилен ментално од двата аса.
„Новак без дилеми е ментално послилен, посебно кога станува збор за големите мечеви и турнири. Го гледав како два пати го победува Федерер на грен-слемовите, дури и кога спасуваче меч“, истакна поранешниот тенисер.