Дома Топ вести Барселона тргнува по Коман

Барселона тргнува по Коман

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна и Баварците се спремни да го продадат ова лето.

Коман неодамна потпиша нов договор до 2027 година, но и самиот е спремен да ја промени средината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Баварците нема да му стојат на патот и веруваат дека сега е вистински момент за продажба, дури се спремни да го пуштат на позајмица со право на откуп.

Барселона бара таков профил на играч и поради потешкотиите да дојде до потписот на Нико Вилијамс сега ќе тргне по Коман.

Ханзи Флик одлично го познава Французинот, а и самиот Коман е отворен за преселба во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…