Фудбалерот на Баерн Минхен Кингсли Коман би можел да биде изненадувањето од Арсенал за последниот ден од преодниот рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат бројни извори, Коман одбил понуди од Саудиска Арабија поради желбата да игра во Премиер лигата. Наводно од Островот најсериозен во намерата да го доведе е Арсенал.
Микел Артета досега ја засили одбраната и средината со трансферите на Калифиори и Мерино, а сега би можело да пристигне уште едно засилување во офанзивнот дел.
Коман има големо искуство и може да игра на двете крилни позиции и без дилема би бил одличен во ротацијата.
До крајот на преодниот рок нема уште многу, остануваат само уште два дена, па брзо ќе видиме каков ќе биде расплетот на ситуацијата.