Дома Трансфер зона Барселона тргнува по еден од најдобрите дефанзивци во Серија А

Барселона тргнува по еден од најдобрите дефанзивци во Серија А

Еден од најдобрите дефанзивци во Серија А е на мета на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Спорт“ во своето денешно издание пренесува дека мета на Барселона е Калид Кулибали.

На „Ноу Камп“ се свесни дека неговото доведување ќе биде тешка мисија и се претпоставува дека Наполи нема да го пушти за сума под 50 милиони евра.

Наполитанците имаат одлична преговарчка позиција, бидејќи Кулибали неодамна го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2012 година.

Кулибали е еден од најстандарните првотимци на тимот предводен од Маурицио Сари, тој ја одигра секоја минута во досегашниот дел од сезоната и во Лигата на шампионите и во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…