Дома Трансфер зона Барселона спремна да го продаде Ансу Фати, Мендеш му бара нов клуб

Барселона спремна да го продаде Ансу Фати, Мендеш му бара нов клуб

Ансу Фати важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но има уште една слаба сезона за Барселона.

Агентот на Фати, Жорге Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе му бара нов клуб.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Португалскиот агент и ставил до знаење на Барселона дека ако Фати продолжи да не добива поголема минутажа ќе се обиде да го продаде во текот на летото.

Мендеш веќе го понудил Фати на четири клуба од Премиер лигата, меѓу нив и Манчестер Јунајтед, кој минатото лето покажа интерес за талентот.

На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.

Неговиот договор со Барселона е со важност до 2027 година и има клазула од милијарда евра. Според информациите Барса е спремна да го продаде за околу 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…