Дома Трансфер зона Барселона преговара за играч од Серија А, но последниот збор го има Челзи

Барселона преговара за играч од Серија А, но последниот збор го има Челзи

Во Барселона работат на трансферот на фудбалерот на Сасуоло, Жереми Бога, пренесува каталонски „Спорт“.

Бога е 22-годишен офанзивен фудбалер кој игра на крилните позии, но може да игра и како централен напаѓач. Тој е бивш фудбалер на Челзи, но не успеа да се избори за минутажа на „Стенфорд Бриџ“, па се пресели во Италија во 2018 година.

Сасуоло за неговиот потпис плати 3 милиони евра, а моменталната цена на играчот изнесува 15 милиони евра.

Меѓутоа, последниот збор за трансферот ќе го има Челзи, бидејќи „сините“ имаат опција да го откупи назад за 4 милиони евра и покрај тоа што во три сезони изминати на Стемфорд Бриџ тој одигра само еден натпревар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп има мета од 60 милиони евра

Ливерпул оваа година после 30 години чекање конечно ќе стигне до титулата во Премиер лигат…