Директорот на Барселона, Матеу Алеманти потврди дека клубот сака да се ослободи од Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити ова лето.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барселона на двајцата им понуди спогодбено раскинување на договорот, но Пјаниќ и Умтити одбија бидејќи имаат договори со висока плата.
„Пјаниќ и Умтити имаат одлични кариери, но минатата сезона не играа многу. Позната ни е ситуацијата и се обидуваме да им најдеме друи клубови. Тие исто така сакаат да најдат нов тим каде ќе можат повеќе да играат“, изјави Алемани.
Интерес за Пјаниќ покажуваат неколку европски клубови, пред се Јувентус, но проблем е неговата висока плата.