Барселона се уште не може да постигне напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесува „Мундо Депортиво“.
Дембеле влезе во последната година од договорот, па доколку не го продолжи договорот следното лето може да си замине без обештетување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонците го губат трпението и сакаат што поското да се реши иднината на Французинот. Имено, раководстовото испратило последна понуда до неговиот агент и сега чекаат одговор.
Дембеле според договорот заработува 12.000.000 евра. За продолжувањето на соработката Барселона му нуди годишна плата од 7.500.000 евра и бонус од 1.000.000 евра по сезона.
Според медумите во Каталонија, Дембеле и неговиот менаџер треба до крајот на оваа недела да се изјаснат, дали ја прифаќаат понудата или не.
Барселона е загрижена поради фактот дека може да го загуби Дембеле без обештетување, па доколку играчот не стави потпис на нов договор до јануари може да биде продаден.