Барселона бара начин како да се ослободи од тројца фудбалери во зимскиот преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми.




Станува збор за Филипе Кутињо, Сержињо Дест и Самуел Умтити, на кои тренерот Чави нема да смета во остатокот од сезоната.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кутињо ја добива една од најголемите плати во Барселона, но во исто време е на маргините и не добива голема минутажа, па клубот сака да се ослободи од него.




Барселона е спремна да го пушти Бразилецот на позајмица со право на откуп само да се ослободи од неговата висока плата.




Слична е ситуацијата со Самуел Умтити, кого Барселона е спремна да го пушти бесплатно, само да се ослободи од неговата висока плата.




Што се однесува до Дест, за него интересот е поголем, неколку клубови ги сакаат во своите редови, а за негата слобода Барселона бара 15 милиони евра.