Роберт Левандовски игра во добра форма, но Барселона полека размислува и за негов наследник.
Ерлинг Халанд е желба, но тој веројатно е невозможна мисија во овој момент и затоа како реална опција се споменува Виктор Ѓеќереш од Спортинг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
26-годишниот Швеѓанец продолжи да тресе мрежи и сезонава веќе стигна до 20 голови во сите натпреварувања на само 16 натпревари, а Спортинг по заминувањето на Рубен Аморим тешко ќе го задржи.
Спортскиот директор на Барселона, Деко сака да ги искористи добрите односо со лисабонскиот клуб за кој настапува Франсиско Тринкао кој и понатаму е во сопственост на каталонскиот гигант.
Наводно Ѓеќереш има џентлменски договор дека може да го напушти Спортинг за сума помеѓу 60 и 70 милиони евра. Барселона според информациите би можела да го понуди и Витор Роке кој во овој момент е на позајмица во Бетис.
Бразилецот летово беше желба на Спортинг, меѓутоа тогаш Роке одлучи да оди во Бетис.