Каталонскиот гигант Барселона во следниот период би требало да ја продолжи соработката со тројца многу важни фудбалери.




Станува збор за Осман Дембеле, Гави и Роналд Араухо, фудбалери кои ќе играат важна улога под водство на новиот тренер Чави Ернандес.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Преговорите се во тек и се надевам дека брзо ќе стигнеме до договор“, потврди претседателот Лапорта.
Барселона му нуди на Гави нов 5-годишен договор со значително зголемување на платата и откупна клаузула од 1 милијарда евра, исто како на Анси Фати.




Гави е еден од најголемите шпански таленти, веќе е стандарден шпански репрезентативец и му се предвидува блескава иднина.