Дома Трансфер зона Барса ја одреди цената за Дембеле: Има ли кој да ја плати бараната сума?

Барса ја одреди цената за Дембеле: Има ли кој да ја плати бараната сума?

0
dembele

Иако во текот на денот се појави вест дека Барселона после погодокот во Суперпкупот против Севиља би можела да го задржи Осман Дембеле во своите редови, изгледа Каталонците се спремни да го продадат.

Барса е спремна да преговара за Дембеле и би можела да го продаде, но не за мала сума.

Каталонците за овој фудбалер го купија минатото лето со очекувања да го наследи Нејмар кој го облече дресот на ПСЖ, но Французинот не ги оправда очекувањата.

Дембеле во Барселона пристигна за сума од околу 108 милиони евра, а сега наводно е спремна да го продаде за 80 милиони.


Следете го Sportski.mk и на


За Дембеле интерес покажуваше Арсенал, но сега преодниот рок во Англија е затворен. Подоцна се јави и ПСЖ, па клубот од Париз сега е единствениот заинтересиран.

Французинот професионалната фудбалска кариера ја започна во Рен. За Барселона минатата сезона настапи на 12 натпревари, поради проблемите се повреда.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед најде замена за Де Геа

Манчестер Јунајтед се соочува со сериозен проблем кога е голманот Де Геа во прашање, па „ц…