Дома Топ вести Барса спремна да го позајми Кутињо

Барса спремна да го позајми Кутињо

Филипе Кутињо ова лето би можел да се врати во Премиер лигата, но не во дресот на Ливерпул, туку во Челзи кој веќе започна преговори со Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кутињо оваа сезона игра на позајмица во Баерн Минхен, па откако стана јасно дека Баварците нема да го откупат на крајот на сезоната, Челзи започна преговори со Барселона.

Според каталонски „Спорт“, менаџерот на Кутињо и Челзи се во директни преговри за личните услови на Бразилецот, откако Барселона дала согласност.

Челзи сака да го донесе Кутињо на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, а Барселона е спремна да ја прифати понудата поради една причина.

Имено, причината за тоа е чисто финансиска – ако Бразилецот одигра уште 24 меча за Каталонците, тие ќе мора да му платат на Ливерпул бонус од 17 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…