Дома Топ вести Барса продава тројца за да го донесе Пјаниќ

Барса продава тројца за да го донесе Пјаниќ

Доаѓањето на Миралем Пјаниќ во Барселона станува сè поизвесно, што го потврдуваат и честите написи за медиуми во последниве денови и во Шпанија и во Италија.

Барселона ова лето планира целосна реконструкција на средниот ред, па готово сигурно клубот ќе го напуштат Артуро Видал, Ракитиќ и Артур Мело.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Пјаниќ е долгогодишна желба на Барселона и треба да го комплетира средниот ред заедно со Бускетс и Де Јонг.

Видал и Ракитиќ се на излезна врата и со оглед на нивната возраст и договорите, клубот нема да може многу да инкасира од нивната продажба.

Најголема вредност во моментов има Артур, кој би требало да заврши во Јувентус како дел од трансферот на Миралем Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…