Дома Топ вести Баерн се вклучи во трката за Даклан Рајс

Баерн се вклучи во трката за Даклан Рајс

Фудбалерот на Вест Хем и англиски репрезентативец, Даклан Рајс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Даклан Рајс влегува во последната година од договорот и Вест Хем е спремен да го продаде и очекува понуди ова лето.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Силен интерес за него веќе подолго време покажуваат Манчестер Јунајтед и Арсенал, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен.

Томас Тухел одлично го познава Англичанецот и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим.

Вест Хем за неговата слобода бара 100 милиони фунти, па останува да видиме кој ќе биде спремен да ја плати оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…