Дома Фудбал Останато Баерн не сакал да плати пет милиони евра за Варан, го сметале за прескап

Баерн не сакал да плати пет милиони евра за Варан, го сметале за прескап

Баерн Минхен пред 10-тина година одби да плати пет милиони евра за Рафаел Варан сметајќи дека тоа е голема сума за него, се потсети поранешниот фудбалер на Баерн Вили Сањол.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сањол во тоа време работеше како скаут во Баерн и го забележа Варан кој во тоа време играше за Ленс и беше еден од најголемите европски таленти. Сепак, до договор не дошло.

„Кога работев во Баерн еден пријател ме повика и ми кажа: „Мораш да одиш во Ленс и да видиш еден суперталент“. Доволно беше само едно полувреме да заклучам за каков играч станува збор. Имав некои врски во Ленс и за 48 часа успеав да се договорам за цената. Таа изнсуваше помеѓу 4 и 5 милиони евра. Кога досието го предадов на спортскиот менаџмент ми одговорија дека тоа е премногу пари за едно момче од 18 години“, се потсети Сањол.

Набрзо потоа Варан премина во Реал Мадрид.

„Само два месеци подоцна отиде во Реал за десет милиони. Варан сигурно не жали што се пресели во Реал, но јас сум фрустриран од менаџментот кој требаше да знае дека со него ќе добие стопер за наредните 10-12 години“, објасни поранешниот фудбалер на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака Винисиус ги провоцираше навивачите на Ноу Камп додека Барса го освојуваше трофејот

БРАЗИЛСКИОТ фудбалер Винисиус Жуниор повторно стана центар на внимание од страна на навива…