Дома Топ вести Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец Дани Олмо.

Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

Сега блеска во дресот на Лајпциг и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а сака да направи и чекор напред во кариерата.

Тој во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, која споменатите клубови се спремни да ја платат.

Баерн Минхен покажува најсилен интерес, сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…