Дома Топ вести Баерн започна преговори со Фирмињо

Баерн започна преговори со Фирмињо

Баерн Минхен има амбициозна трансфер цел за следното лето, пренесуваат медиумите на Островот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Според „Дејли Мејл“, Баварците покажуваат силен интерес за ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмињо и веќе започнале да таботат на трансферот.

Од „Алијанц Арена“ се убедени дека Ливерпул може да се одлучи да го продаде Фирмињо на лето, бидејќи „црвените“ спремаат трансфер на напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Раководството на Баерн Минхен спрема голема трансфер кампања ова лето, а покрај Фирмињо главна цел ќе биде и ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане.

Меѓутоа, На Баерн ќе му биде исклучително тешко да го убеди Јирген Клоп да се ослободи од 28-годишниот Бразилец, кој е клучен во неговиот тим.

Извори блиску до клубот откриваат дека Баерн веќе стапил во контакт со агентот на Бразилецот и веќе работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…