Италијанските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти.
Белоти оваа сезона блеска во дресот на Торино и на 24 натпревари постигна 19 гола, а Карло Анчелоти исклучително ги цени неговите квалитети.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Преставници на баварскиот клуб веќе оствариле првичен контакт со италијанскиот клуб и почнале разговори околу трансферот.
Белоти има важечки договор со Торино до 2021 година и „монструозна“ клаузула од 100 милиони евра.
На Баерн парите не му преставуваат проблем, но сепак не е спремен да плати толкава сума за 23 годишниот напаѓач, но е спремен да понуди 60 милиони евра, сума која се претпоставува ќе ги задоволи апетитите на „биковите“.