Енди Мари, кој го освои Мастерсот во Шангај, дополнително ја намали предноста која Новак Ѓоковиќ ја има на првото место на АТП листата.
Новак Ѓоковиќ, во пресрет на последните три турнири во сезоната, има 12.900 бодови на првото место на АТП листата, додека Енди Мари кој победи во Шангај ја намали разликата на 2.415 бодови (10.485).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ кој во Шангај беше елиминиран во полуфиналето, бидејќи не ја одбрани титулата загуби 640 бодови, а Мари, кој лани стигна до полуфиналето на овој Мастерс, а во неделата го освои турнирот заработи дополнителни 640 поени.
Британецот е многу блиску до преземање на првата позиција на АТП листата, поради тоа тој го пријави учеството на АТП турнирот од серијата 500 во Виена. Мари се реши на овој чекор бидејќи тој ќе загуби 275 бодови, колку што освои минатата година кога ја предводеше Велика Британија до титулата во Девис купот.
Во меѓувреме во Топ 10 се случија неколку рокади Вавринка остана трет, а Раониќ е на четвртото место, што е негов најдобар пласман во кариерата. На петтата позиција е Нишикори, шести е Надал, а ранкинг на кариерата бележи Монфилс кој е на седмото место.
Федерер е осми, што е негов најлош пласман на листата од март 2014 година, деветти е Бердих, а десетти Тим.