Шпанскиот весник „Марка“ традиционално секоја година ги доделува наградите за најдобрите во Примера.
Овој пат очекувано најмногу награди завршија кај актуелниот шампион Атлетико Мадрид, а една му беше доделена и на Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јан Облак повторно беше избран за најдобар голман во Примера, а наградата за најдобар фудбалер на сезоната заврши во рацете на Луис Суарез. Диего Симеоне по трет пат во кариерата е најдобар тренер во Ла Лига.
Лионел Меси ја доби наградата за најдобар стрелец во лигата, а ова признание го добива дури 8 пати во кариерата.
Меси минатата сезона постигна 30 гола на 35 меча за Барселона.