Дома Фудбал Останато Асоцијацијата на фудбалери изгласа: Ова се 55-те кандидати за место во „тимот на годината“!

Асоцијацијата на фудбалери изгласа: Ова се 55-те кандидати за место во „тимот на годината“!

fifpro

Светската фудбалска асоцијација на фудбалери „FIFPro“ и оваа година ќе ги составува најдобрите 11 од целиот свет.

Дури 25.000 професионални фудбалери од 65 различни земји гласаа во изборот за кандидатите.

Денес беа објавени кандидатите за место помеѓу најдобрите 11, а целиот тим ќе биде познат на 24 септември.

За позицијата на голманската позиција ќе се борат петмина кандидати: Кејлор Навас (Реал Мадрид), Тер Штеген (Барселона), Џанлуиџи Буфон (Јувентус/ПСЖ), Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед), Тибо Куртоа (Челзи/Реал Мадрид).

Кога се дефанзивците во прашање номинирани се 20 кандидати: Жорди Алба (Барселона), Дани Алвес (ПСЖ), Даниел Карвахал (Реал Мадрид), Џорџо Киелини (Јувентус), Ван Дијк (Ливерпул), Диего Годин (Алтетико Мадрид), Матс Хумелс (Баерн Минхен), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Марсело (Реал Мадрид), Јери Мина (Барселона/Евертон), Бенџамин Павар (Штудгарт), Жерар Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Тиаго Силва (ПСЖ), Киеран Трипиер (Тотенхем), Самуел Умтити (Барселона), Рафаел Варан (Реал Мадрид), Шиме Врсалјко (Атлетико/Интер), Кајл Вокер (Манчестер Сити).

За место во средниот ред ќе се борат 15 кандидати: Серхио Бускетс (Барселона), Касемиро (Реал Мадрид), Фелипе Кутињо (Ливерпул/Барселона), Кевин Де Брун (Манчестер Сити), Еден Азар (Челзи), Андрес Иниеста (Барселона/Висел Кобе), Иско (Реал Мадрид), Нголо Канте (Челзи), Тони Крос (Реал Мадрид), Немања Матиќ (Манчестер Јунајтед), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Пол Погба (Мманчестер Јунајтед), Иван Ракитиќ (Барселона, Давид Силва (Манчестер Сити), Артуро Видал (Баерн Минхен/Барселона).

И за место во нападот беа објавени 15 кандидати: Карим Бензема (Реал Мадрид), Едисон Кавани (ПСЖ), Паоло Дибала (Јувентус), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Хари Кејн (Тотенхем), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Ромелу Лукаку (Манчестер ЈУнајтед), Марио Манџукиќ (Јувентус), Садио Мане (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лионел Меси (Барселона), Нејмар (ПСЖ), Кристиано Роналдо (Реал Мадрид/Јувентус), Мохамед Салах (Ливерпул, Луис Суарез (Барселона).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…