Дома Трансфер зона Арсенал спреми понуда за ѕвездата на Барселона

Арсенал спреми понуда за ѕвездата на Барселона

Арсенал е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако ја загубија битката за Микаило Мудрик, „топџиите“ се спремни буцетот да го потрошат за бразилскиот репрезентативец.

Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат.

Арсенал го сакаше Бразилецот и минатото лето додека играше за Лидс, па сега гледа идеална шанса за негов ангажман.

Барселона не би имала против да го продаде Бразилецот за да си ја подобри финансиската состојба и сака да ги врати вложените пари за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…