Лондонските ривали Арсенал и Тотенем на лето ќе водат битка за потписот на играчот на Борусија Мехенгладбх и германски репрезентативец, Матијас Гинтер, пренесува „Скај Спорт“.
И двата клуба спремаат реконструкција во одбраната за наредната сезона, особено Арсенал кој до сега прими 36 гола во Премиер лигата, најмногу од тимовите во Топ 6.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од друга страна Тотенхем се уште не ги продолжил договорите со Алдервајлед и Вертонген, кои можат да си заминат на лето.
25-годишниот Гинтер веќе има 23 настапи за германската репрезентација и е поливалентен играч, па може да игра на сите позиции во одбраната.
Неговата цена изнесува околу 30 милиони евра, сума која двата клуба нема да имаат проблем да ја платат.
⚠️ TRANSFER ALERT ⚠️
Tottenham and Arsenal are monitoring Borussia Monchengladbach centre-back Matthias Ginter, according to Sky sources.
More: https://t.co/X4VHlyknx2 pic.twitter.com/K3Wo7wFuRj
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 7, 2019