Клупата на Арсен Венгер долги години се ниша, но секогаш преживува секоја сезона.
Сепак, доколку оваа сезона не избори пласман во Лигата на Шампионите (а сега единствениот начин за тоа е освојување на Лигата на Европа), големи се шансите Арсенал по 22 години да добие нов тренер. Раул Санллехи, од неодамна нов менаџер на клубот за фудбалски прашања, го сака Луис Енрике како тренер на „Топчиите“ во новата ера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, изгледа дека Енрике веќе го одбра Челзи, јавува шпансиот новинар Кике Марин. Тој тврди дека Шпанецот е блиску до клупата на „Сините“, каде што ќе го замени Антонио Конте, кој дефинтивно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Роман Абрамовиќ е во преговори со поранешниот тренер на Барса долг период, а изгледа дека конечно и дошло до договор.
Инаку, Енрике е без работа од 2017. година, кога по три неуспешни сезони ја напушти Барселона. Претходно го водеше Б тимот на Барселона, Рома и Селта.