Македонскиот репрезентативен голман и член на Арсенал, Дени Илиев оваа сезона ќе игра на позајмица во третолигашот Шрусбери.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Илиев минатата сезона беше дел прво од словачки Серед, а потоа од полска Јагелонија, па и оваа сезона ќе ја помине на позајмица, но ќе остане во Англија.
Македонскиот голман до крајот на јануари ќе биде на позајмица во Шрусбери, кој се натпреварувава во англиската Лига 1.
„Среќен сум што потпишав за Шрусбери Таун, и се радувам на сезоната која е пред нас“, порача Илиев.
Инаку претходно Арсенал го пријави Илиев на списокот на играчи кои ќе настапуваат во Лига Европа, но оваа солуција за него е подобра бидејќи ќе има поголема минутажа.