Дома Трансфер зона Арсенал го избрка засилувањето од 80 милиони

Арсенал го избрка засилувањето од 80 милиони

Арсенал се ослободи од едно од најскапите засилувања во историјата, Николас Пепе и му дозволи бесплатно да се пресели во Трабзонспор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пепе во 2019 година пристигна во Арсенал како најскапо засилување во историјата за 80 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата на Емирати и минатата сезона беше испратен на позајмица во Ница.

Со оглед на фактот дека немаше понуди за репрезентативецот на Брегот на слоновата коска, Арсенал се одлучи спогодбено да го раскине договорот.

„Сите во Арсенал му благодарат на Никола за неговите игри за нас и му посакуваме среќа во иднина“; се влие во соопштението на Арсенал.

Британските медиуми пренесуваат дека Арсенал се уште треба да доплати 10 милиони евра на Лил за неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…