Дома Фудбал Нема повеќе дилеми: Пепе во дресот на Арсенал!

Нема повеќе дилеми: Пепе во дресот на Арсенал!

Николас Пепе во секој момент ќе стане нов играч на Арсенал.

Пепе беше еден од најпосакуваните фудбалери ова лето, а синоќа излезе информација дека го избрал Арсенал и покрај големиот интерес од најсилните клубови во Европа.

Синоќа офанзивецот на Лил пристигна во Лондон на лекарски прегледи, а веднаш потоа на социјалните мрежи се рашири фотографија во дресот на Арсенал.

Тоа значи дека во Арсенал моментално се работи на прилогот со кој пред навивачите ќе биде претставено најголемото засилување ова лето.

Интересно, Лил се согласи на тоа Арсенал да му исплати 20 милиони фунти веднаш, а останатите 52 милиони на рати во наредните пет години.

Инаку, Пепе е четврто засилување за Арсенал ова лето, откако претходно во клубот пристигнаа Салиба, Мартинели и Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси го погоди Тапија во лице, Интер Мајами пред елиминација по тешкиот пораз

Колумбус славеше со 3:0, а внимание привлече потегот на Меси при изведување аут. Аргентине…