Дома Фудбал Аргентинците откриваат: Познато каде ќе играат Ривер и Бока?

Аргентинците откриваат: Познато каде ќе играат Ривер и Бока?

Можеби и неочекувана одлука на КОНМЕБОЛ.

Реванш натпреварот од финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока беше одложено поради нападот на фудбалерите на Бока и нередите на улиците во Буенос Аирес кои следуваа потоа.

Фудбалскиот свет беше изненаден кога Џани Инфантино беше бесен и сакаше натпреварот да се одигра и покрај се, но надвладеа здравиот разум, па е закажан нов термин.

Се шпекулираше за тоа каде натпреварот би можел да се одигра. КОНМЕБОЛ истакна дека тоа нема да биде во домот на Ривер, „Мономентал“. Очекувањата беа овој натпревар да биде одигран во Парагвај.

Меѓутоа, аргентинските медиуми откриваат дека за неколку часа и официјално ќе биде објавено дека „Суперкласико“ ќе се игра на 8-ми декември во Доха, Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…