Дома Топ вести Анчелоти ја купува ѕвездата на Интер

Анчелоти ја купува ѕвездата на Интер

Карло Анчелоти го презеде тимот на Евертон кога „карамелите“ беа во голема криза и веднаш почна да остварува добри резултати.

Сепак, искусниот италијански тренер сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а  приоритет е доведување на играч за врска.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најголема желба на Анчелоти е играчот за врска на Интер, Матијас Весино, а последните информации се дека двата клуба се во напредни преговори.

Интер следната недела треба да го комплетира трансферот на Ериксен, а тоа додатно ќе ја намали минутажата на Весино, па поради тоа „нероаѕурите“ се спремни да го продадат.

Двата клуба се блиску до договор, а „карамелите“ за Уругваецот ќе платат 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…