Дома Фудбал Анчелоти:Утрешниот дуел за мене е посебен, но не ми се зборува за фудбал

Анчелоти:Утрешниот дуел за мене е посебен, но не ми се зборува за фудбал

Реал Мадрид утревечер ќе го пречека Милан на „Сантијаго Бернабеу“ во четвртото коло на Лигата на шампионите. 

За Анчелоти кој го водеше Милан од 2001 до 2009 година на 420 натпревари и со него освои осум трофеи ова ќе биде посебен меч.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Утрешниот натпревар ми е посебен, но ќе се обидам да зборувам што е можно помалку. Мина една недела од трагедијата. Тажни сме, многу сме блиску до погодените градови. Зборувањето за фудбал е компликувано во овој момент. Од почит кон сите, ќе се обидам ова да го направам едноставно, не ми се зборува за фудбал“, изјави Анчелоти.

„Кога луѓето не се добри, не треба да има забава. Фудбалот мораше да престане, бидејќи тој е една од помалку важните работи во животот“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид размислува за продажба на Камавинга

Реал Мадрид може да го продаде Едуардо Камавинга во летниот период доколку пристигне понуд…