Висенте Дел Боске, легендарниот шпански тренер во периодот од 1999 до 2003 година беше тренерн а Реал, а во интервју за „Марка“ откри интересни случувања од тоа време.
Посебно интересна анегдота Дел Боске раскажа за францускиот напаѓач, Николас Анелка кој во Реал Мадрид помина само една година.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Анелка беше играч кој нас не чинеше. Реал Мадрид на него изгуби пет милиони евра, а го довед екако ѕвезда. Еден ден дојде во соблекувалната и ни кажа дека не сме среќни поради неговиот успех, затоа што не сме ги славеле неговите голови. После тоа на тренингот не дојде ден или два, а клубот парично го казно“, раскажа Дел Боске.
Анелка во кариерата најмногу играше во Англија. Најдолго се задржи во Челзи каде што на 125 натпревари постигна 38 голови.
Del #Bosque: Anelka stopped coming to training because Real Madrid didn't celebrate his goals#realmadrid ?? #LaLiga https://t.co/h2Curtjci7
— ⚽️ Football News (@footy90com) May 24, 2019