Mладиот фудбалер на „сините“ со сите сили се обидува да издејствува трансфер во Германија.
Веќе една недела се шпекулира за иднината на Калум Хадсон Одои. Иако изгледаше дека Баерн со четвртата понуда од 35 милиони евра ќе ги задоволи апетите на Челзи, клубот од Лондон и понатаму е неодлучен.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Меѓутоа 18 годишниот крилен играч одлучил по секоја цена да се пресели во Минхен.
Според некои информации, Хадсон Одои се одлучил да не потпише нов договор и да го напушти Челзи како слободен играч во јуни 2020 година.
На младиот Англичанец Баерн му изгледа како подобра средина за развој на младите играчи.
Останува да видиме дали управата на „сините“ ќе одлучи да ризикува и да го убедува Одои или пак конечно ќе ја прифати понудата на Баерн Минхен.
https://www.youtube.com/watch?v=OJU7ata-XGo